Erdoğan Çağatay Zontur
27 Ноември 2019•Ажурирај: 28 Ноември 2019
САМСУН/АДАНА (АА) - Турската полиција денес приведе 26 лица поради нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата приведе 21 осомниченo лице во југоисточната област Адана, откако обвинителите издадоа налози за приведување на 26 осомничени лица.
Потрагата по останатите пет осомничени е во тек.
Во меѓувреме, полицијата во црноморската област Самсун уапси четворица осомничени и еден осуден поради користење на апликацијата за пораки „БајЛок“, систем за шифрирана комуникација меѓу припадниците на ФЕТО.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.