Meryem Göktaş
20 Ноември 2018•Ажурирај: 20 Ноември 2018
ДЕНИЗЛИ (АА) - Пронајдени се двете жртви од авионската несреќа којашто се случи вчера, во турскиот Егејски Регион, јавува Anadolu Agency (AA).
„Двете тела се пронајдени во остатоците од исчезнатиот авион во Караџасу, во турската област Ајдин“, истакна Хасан Карахан, гувернерот на соседната област Денизли.
Авионот за обука со двете лица се урна откако полетал од аеродромот „Чилдир“ во Ајдин.
Гувернерот Карахан вчера истакна дека причините за несреќата сè уште не се познати, но дека можни причини би биле временските услови или технички дефект.