Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
21 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
АНКАРА (АА) - На иницијатива на Република Турција, Организацијата за исламска соработка (OIC) утре ќе одржи вонредно министерско заседание за актуелната глобална пандемија на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека состанокот на шефовите на дипломатии на земјите членки на Организацијата за исламска соработка ќе се одржи преку видеоконференција.
„На состанокот ќе се разгледува зајакнувањето на соработката и преземањето заеднички чекори од страна на членките на Организацијата за исламска соработка за борба против ширењето на коронавирусот“, се наведува во соопштението.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март прогласи глобална пандемија на Ковид-19.
Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во светот има 2.478.634 потврдени случаи на вирусот, додека како резултат на вирусот починаа 170.399 пациенти, а излекувани се 651.736 лица.