Tanju Özkaya
21 Април 2020•Ажурирај: 23 Април 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за култура и туризам на Турција соопшти дека во овој период, кога значителен дел од туристите се наоѓаат дома, преку веб-страницата „www.liveturkey.com“ ќе се промовираат многу факти и занимливости од Турција во делот на уметноста, историјата, спортот, забавата, гастрономијата. Честопати тоа ќе се прави и со емисии во живо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На веб-страницата се објавени искуствата и убавините на Турција за кои се заинтересирани странските туристи, а исто така уметничките активности организирани од страна на турското Министерство за култура и туризам, преку страницата ќе бидат пренесени на целиот свет.
„Веб-страницата исто така ќе објавува видеа на прославените готвачи кои ќе ги презентираат начините на подготовка на разни турски јадења, виртуелна тура низ големите музеи, промотивна платформа за екстремните спортови кои можат да се изведат во Турција и ќе го инспирира патувањето во Турција“, се нагласува во соопштението на Министерството за култура и туризам на Турција.