Merve Aydoğan
11 Јули 2018•Ажурирај: 12 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Од Министерството за надворешни работи на Турција се соопштува дека пресудата на германскиот Суд за неонацистичката група НСУ, не успеала да ги открие целосните димензии на овој случај, вклучувајќи ја поврзаноста на тајните, разузнавачки служби, јавува Anadolu Agency (AA).
„За жал, пресудата донесена денес не ја откри заднината на убиствата на НСУ, а целосниот опсег на димензии на поврзаност меѓу тајните, разузнавачки служби, останува неоткриен, така што вистинските криминалци остануваат во темнина“, се вели во соопштението на МНР на Турција.
„Така, пресудата е незадоволителна во интерес на правдата и недостасува ослободување на јавната свест“, се додава.
Германскиот Суд ја осуди на доживотен затвор главната обвинета Беате Чепе, во судењето против неонацистичката група НСУ за членство и соучество во убиството на 10 луѓе и 2 бомбашки напади.
Национално-социјалистичкото подземје (НСУ) уби 8 турски мигранти, грчки државјанин и германска полицајка помеѓу 2000 и 2007 година, меѓутоа, убиствата останаа подолго време нерешени. Групата, исто така изврши бомбашки напади врз продавниците во сопственост на мигрантите во Келн.