Halil Demir
26 Ноември 2019•Ажурирај: 27 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Во акција на безбедносните сили на Турција уапсени се најмалку 15 лица поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, која стои зад обидот за државен удар во Турција од 2016 година, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во рамките на истрагата што ја води Републичкото обвинителство во Истанбул, издаден е налог за апсење на 27 лица за кои е утврдено дека користеле „БајЛок“, систем за шифрирана комуникација меѓу припадниците на ФЕТО.
Во акцијата што ја спроведува Одделот за борба против криумчарење и криминал на турската полиција досега се приведени најмалку 15 лица. Акцијата е спроведена во девет турски градови, а извршени се претреси на 27 адреси. Потврдено е исто така дека меѓу приведените се наоѓаат активни, но и полицајци суспендирани од службата, воени лица и наставници.
Акцијата за приведување на осомничените продолжува.
Пучистите лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ се обидоа да извршат државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, при што загинаа 251 лице, а ранети беа над 2.000.
Обидот за државен удар е спречен откако стотици илјади граѓани излегоа на улиците во Истанбул, Анкара и во другите делови на земјата и храбро, со голи раце, застанаа пред тенковите и оклопните возила со кои пучистите се обидоа да ја соборат демократски избраната власт во земјата.