Faruk Zorlu
02 Март 2018•Ажурирај: 03 Март 2018
ИЗМИР (АА) - Најмалку 28 лица кои се осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО се уапсени низ Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Апсењата се случија откако обвинителите во Измир издадоа налози за апсење на 43 лица кои се членови на невладина организација што е поврзана со ФЕТО, која по обидот за државен удар во Турција беше затворена поради поддржување на терористичката организација.
Полицијата уапси 28 од вкупно 43 осомничени лица. Рациите се спроведени во 11 области, вклучувајќи го и Измир, вели извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Терористичката организација ФЕТО на чело со Фетула Ѓулен, со посредство на своите инфилтрирани припадници во државните институции, во јули 2016 година се обиде да изврши државен удар во Турција.
Во тој неуспешен обид пучистите убија најмалку 250 лица. Турција потоа започна опсежна борба против терористичката организација ФЕТО, што е формирана пред неколку децении, која под плаштот на верските програми ги злоупотреби верските чувства на луѓето за остварување на своите терористички планови.