Deniz Açık
25 Декември 2020•Ажурирај: 26 Декември 2020
ЕСКИШЕХИР
Утре со официјална церемонија ќе се отвори првата фабрика во Турција за производство на литиум карбонат во турската област Ескишехир, јавува Агенција Анадолија (АА).
За првпат во Турција ќе се произведува литиум од бор кој се користи во сите електрични возила, пред сѐ во електричното возило на Иницијативната група за производство на турскиот автомобил (TOGG), во мобилните телефони, во батериите на електричните возила и во батериите на уредите кои работат со струја.
Официјалното отворање на фабриката каде што во првата фаза годишно ќе се произведуваат 10 тони литиум, ќе се одржи утре во 14:00 часот по локално време, на кое преку видеоконференција ќе учествува и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а присутен ќе биде турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатох Донмез.
Фабриката е снимена од страна на тимовите на Агенција Анадолија (АА).
Планирано е капацитетот на оваа фабрика годишно да се зголеми до 600 тони.