Sertaç Bulur
06 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека еден терорист им се предал на безбедносните сили како резултат на методата за убедување спроведена од Генералната команда на жандармеријата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, продолжува распадот на терористичката организација.
Исто така се наведува дека полицијата и жандармеријата ги продолжуваат напорите за убедување на припадниците на сепаратистичката терористичка организација да се предадат на турските безбедносни сили.
Терминот сепаратистичка терористичка организација често се користи за припадниците на ЈПГ/ПКК.
Како резултат на методата за убедување, спроведена од Генералната команда на жандармеријата, уште еден терорист се предал на безбедносните сили.
Бројот на терористи што ја напуштија терористичката организација ПКК преку методот на убедување од 1 јануари до денес се зголеми на 94.