Hanife Erdinç
30 Јули 2017•Ажурирај: 31 Јули 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во Чанаккале, северозападна Турција, беа фатени 30 странци кои преку илегален пат имале намера да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава АА, екипата на турската крајбрежна стража во рамките на борбата против илегалната миграција, добила дојава по која е покрената акција.
Фатени се 30 лица, меѓу кои и жени и деца со потекло од Авганистан, Конго, Гвинеја и Камерун.
Странците кои беа донесени во станицата на крајбрежната стража добија храна и облека.
По процесуирањето, тие се предадени во Центарот за враќање на странци во Aјваџик.