Hüseyin Kanber
30 Јули 2017•Ажурирај: 31 Јули 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Изгаснат е пожарот што избувна во трговски комплекс сместен на булеварот Аспендос, во турскиот град Анталија, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот од непознати причини избувна во празна продавница во средишниот дел на комлексот.
За кратко време огнената стихија се прошири и на околните деловни објекти, а одредени сопственици се обидоа да ја изнесат робата од продавниците.
Во акцијата за гаснење на пожарот учествуваа 17 возила и 70 пожарникари, а има и голем број полициски екипи како и екипи на итната помош.
Дел од делницата е затворен за сообраќај.
Предизвикана е материјална штета на две третини од деловниот комплекс, кој го сочинуваат над 500 објекти.
Причинета е штета и на продавницата за сувенири чиј сопственик е Исмаил Окбај.
„Не можев ништо да сторам, многу ми е жал. Штетата е поголема од 20.000 лири (околу 5.000 евра)“, изјави Окбај.