Ramazan Ercan
03 Април 2018•Ажурирај: 04 Април 2018
ИЗМИР (АА) - Во морскиот простор на Измир и Баликесир, во Турција беа фатени 271 мигрант при обид илегално да преминат во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите на крајбрежната стража во местата Чешме, Мендерес и Дикили, кои припаѓаат на Измир, фатија 145 странци. Покрај тоа, во Мендерес и Чешме, беа фатени 64 мигранти кои се подготвувале за нелегален премин во Лезбос, но биле спречени од страна на припадниците на жандармеријата.
Во Ајвалик, кој припаѓа на Баликесир, фатени се 62 мигранти обидувајќи се илегално да преминат на грчкиот остров Лесбос.
По земање на исказите, странците ќе им бидат предадени на надлежните органи.