Ekipa
03 Април 2018•Ажурирај: 03 Април 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, со најголеми државни почести денес во Анкара го пречека рускиот претседател Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган го пречека Путин на влезот на Претседателската палата, а потоа беа интонирани химните на двете земји.
Путин, по доаѓањето пред Претседателската палата, ги поздрави војниците во почесната гарда со зборовите „merhaba asker“ (поздрав војници).
По заедничкото фотографирање пред Претседателската палата, Ердоган и Путин преку видеоконференција ќе го следат положувањето камен-темелник на изградбата на првата турска нуклеарна централа Акују.
Планиран е билатерален состанок, а потоа Ердоган и Путин ќе претседаваат со 7. состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Турција и Русија.
По состанокот е планирано потпишување на договори и заедничка прес-конференција, а потоа и вечера во чест на рускиот претседател Путин.
Путин за време на утрешниот ден, во Анкара ќе присуствува и на трилатералниот самит на Турција, Русија и Иран, а тема на самитот е Сирија.