Mustafa Güngör
07 Јануари 2017•Ажурирај: 08 Јануари 2017
МЕРСИН (АА) - Најмалку четворица државјани на Чеченија се уапсени во јужниот турски град Мерсин при обид на премин во Сирија, односно придружување на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на Канцеларијата на турската полиција за борба против тероризмот добија дојава дека четири лица од Тарсус, мало место во Мерсин, тргнуваат кон турскиот град Хатај, кој граничи со Сирија.
Во акцијата која следуваше уапсени се четворица чеченски државјани со имиња Мансур Хати, Ахмет Рафиа, Фуат Аланмар и Хусеин Амад. Полицијата кај нив пронајде и лажни документи, а се работи за дозвола за привремен престој која ја користат Сиријците во Турција.
Приведените Чеченци се изведени пред суд и приведени.