Erdoğan Çağatay Zontur
12 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
АДАНА (АА) - Седум сириски државјани фатени во антитерористичката операција во јужниот дел на Турција, осомничени поради поврзаност со терористичките организации ДЕАШ и Ал Каеда, ќе бидат депортирани во нивната матична земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Според обвинителите во Адана, девет осомничени биле фатени на 8 ноември, од кои двајца биле ослободени од судот. Донесена е одлука да се депортираат останатите осомничени.
Акцијата за фаќање на останатите осомничени е во тек.
Турција е на став дека странските терористи треба да бидат вратени во нивните матични земји. Анкара соопшти дека неколку европски земји не вложиле напори да ги прифатат припадниците на ДЕАШ назад во нивните земји.
„Турција досега депортираше 7.500 припадници на ДЕАШ“, изјави минатата недела турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека во турските затвори во моментов има 1.149 терористи на ДЕАШ.