Mehmet Yılmaz Güldaş
24 Октомври 2022•Ажурирај: 24 Октомври 2022
АНКАРА (АА) – Турските разузнавачи неутрализираа водач на терористичката организација ЈПГ/ПКК во операција во северна Сирија, соопштија денес безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ејуп Јакут, со кодно име Амед Доршин, е неутрализиран од страна на турската Национална разузнавачка агенција (МИТ) во регионот Шадади, соопштија извори кои побараа да останат анонимни.
Шадади е областа каде што се наоѓа диверзантскиот баталјон на таканаречената бригада „Чавреш“ на ЈПГ/ПКК, инаку една од најмногубројните групи на терористичката организација на подрачјето на Сирија.
Јакут, кој се приклучил на ПКК во 2020 година, беше под надзор на МИТ поради неговите акции во Туркије и против Турските вооружени сили во Сирија, велат изворите.
„Тој одигра активна улога во таканаречените напади на бригадата и обидите за саботажа на антитерористичките операции на Туркије во северна Сирија“, додаваат безбедносните извори.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 лица, меѓу кои жени, деца и доенчиња.