Meryem Göktaş
10 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
МУГЛА (АА) - Холандската сурферка со параглајдер, која исто така е амбасадорка на туризмот во Турција, вели дека додека патувала кон Турција, се чувствувала како да си доаѓа дома, јавува Anadolu Agency (AA).
Анабел ван Вестероп која учествуваше на Светското првенство во сурфање со параглајдер, кое се одржа од 5 до 8 октомври во југозападната област Мугла, изјави дека ќе се врати дома со добри спомени и би сакала повторно да дојде во посета.
Вестероп, која се појавува во краткото видео насловено „Дом на тиркизот“, снимено од страна на турското Министерство за култура и туризам во 2016 година, во Мугла, изјави: „Луѓето од другите земји би требало да ја посетат Турција и да уживаат во нејзината убавина“.
Краткометражниот филм продолжува да се емитува на телевизиските канали и освои десетици меѓународни награди.
Таа изјави дека не знаела за тоа оти многу луѓе во светот го гледале видеото на телевизија.
Вестероп беше втора во женска конкуренција на Светското првенство.
„Уживав. Среќна сум“, изјави таа, додавајќи дека ветровитото време во подрачјето Акјака, каде што беше одржан турнирот, било совршено за спортисти.
Таа ја пофали турската храна и народот за гостопримливоста.