Sarp Özer
17 Јули 2018•Ажурирај: 17 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, со проштална порака денес им се заблагодари на припадниците на Турските вооружени сили (ТСК) во кои служеше како офицер и до неодамна началник на Генералштабот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со среќа и гордост поради исполнување на војничките обврски, истовремено сум тажен поради разделувањето од оваа чесна униформа“, порача Акар, напоменувајќи дека својот војнички живот го започнал уште во 1972 година.