Seyit Ahmet Aytaç
17 Јули 2018•Ажурирај: 17 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Турската армија неутрализираше осум терористи во северен Ирак, соопшти турскиот Генералштаб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на турскиот Генералштаб се истакнува дека Армијата извршила воздушни операции во регионите Хакурк и Метина во северен Ирак и неутрализирала осум терористи.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и Европската Унија (ЕУ), а одговорна е за смртта на речиси 40.000 лица во изминатите три децении од терористичката кампања против Турција.