Nazlı Yüzbaşıoğlu
17 Јуни 2019•Ажурирај: 18 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Мухамед Морси бил отстранет од власт преку пуч, но дека сеќавањето на него нема да се избрише од срцата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу преку Твитер објави порака по повод смртта на првиот претседател на Египет избран на демократски начин, Мухамед Морси.
„Пучот него го отстрани од власт, но сеќавањето на него нема да се избрише од нашите срца. Уметот нема да го заборави неговиот цврст став. Морси, посакувам твоето место да биде во рајот“, напиша Чавушоглу.
Првиот претседател на Египет избран на демократски начин, Мухамед Морси, почина во судница.
Според египетската државна телевизија, Морси се онесвестил и починал во судницата.
На денешното рочиште, првиот избран претседател на оваа држава ќе беше обвинет за „шпионажа“.