Mehmet Şah Yılmaz
15 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Луиџи ди Мајо, оваа недела ќе ја посети Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку писмено соопштение ја потврди Министерството за надворешни работи на Турција.
Во соопштението се наведува дека по покана на шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, Ди Мајо на 17 јуни ќе допатува во Турција.
Се истакнува дека ова ќе биде втора посета на Ди Мајо на Турција.
„На средбите ќе се разговара за односите меѓу Турција и Италија, како и за процесот за нашето членство во Европската Унија (ЕУ)“, се додава во соопштението на турското МНР.
Исто така, се вели дека ќе бидат разменети мислења околу борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19), како и за актуелните регионални и меѓународни случувања.