ИСТАНБУЛ (АА) - МЕЛИКЕ ГАЛЕНКУС - Во Турција во тек се низа истраги и судења на осомничените за минатогодишнот обид за воен удар, а во една од пресудите се наведува дека водичот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, на своите поддржувачи им наредил во сите турски институции и центри на моќ да се инфилтрираат на начин на кој никој нема да ги забележи, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористичката организација ФЕТО со посредство на инфилтрирани поданици во редовите на турската војска, полицијата и другите институции, на 15 јули минатата година изврши обид за воен удар во Турција, а Советот на 23. кривичен суд во Истанбул денес објави образложение на пресудата со која на 29. ноември осум обвинети се осудени на повеќекратни доживотни затворски казни, а 20 обвинети се осудени на единствени доживотни затворски казни.
Станува збор за обвинение кое се однесува на обидот за окупација на аеродромот „ Себиха Ѓокчен“ во Истанбул и случувањата на тој аердором за време на неуспешниот обид за државен удар.
Во образложението на пресудата на 130 страници се наведуваат детали за терористичката организација ФЕТО, од нејзиното основање до обидот за пуч во Турција.
Во текстот на пресудата, меѓу останатото, се наведуваат и наредбите кои Ѓулен на тајните состаноци им ги давал на високопозиционираните членови на ФЕТО.
„Бидете еластични, движете се нечујно низ вените на системот и нека не ве забележи никој додека не ги заземете сите центри на моќ. Секој потег ќе биде преран се додека не ги заземете сите сили и моќ во Турција. Важно е присуството на нашите пријатели во правосудството, финансиите и другите важни центри, бидејќи тие се гаранција за нашето опстојување. Јас лично сакам да ја ширам својата мисла и систем на вредност по тој пат на зеземање на сите страни. Сѐ уште не е погодно време за тоа. Морате да почекате да бидете толку силни целиот свет да го носите на рамења. Покрај тоа, важно е секогаш да бидете пред фронтот кога е во прашање пристап до информации “, е една од наредбите на Ѓулен која се најде во образложението на пресудата.
Во текстот на пресудата и понатаму се наведува дека сите наредби на Ѓулен јасно потврдуваат дека цел на организацијата било преземање на контрола над сите институции и рушење на државниот устав.
„Нѐ не разбираат и затоа ме обвинуваат дека сакам да ја преземам власта... Зарем се луди да мислат дека би се занимавал со такви мали работи. Она што тие го нарекуваат власт јас планирав да го рушам и поставувам уште кога имав 20 години“, е уште една од изјавите која покажува дека Ѓулен со време поставил поголема цел на заземање на власта во сите земји во кои дејствува ФЕТО, а денеска има најмалку 160 такви земји низ светот.
Судот понатаму наведува дека ФЕТО дејствувал под плаштот на грижата за образование и се претставувал како религиозна заедница (џемаат), а дека за потребите на организцијата ги адаптирал и злоупотребувал религиозните начела.
Судот наведе и делови од книгите на Ѓулен од кои е утврдено дека тој како водич на поданиците на ФЕТО се претставувал како натприродно битие кое директно комуницира со Бог и Пратеникот и кому му се познати сите тајни на верата и животот.
Понатаму во образложението на пресудата се наведува дека Ѓулен често на своите поданици им кажувал дека во сон го гледал и комуницирал со Бог и неговиот пратеник и дека му е кажано дека некои делови од Куранот се однесуваат директно на ФЕТО. Често се заканувал дека на непријателите можел да им го замати умот со помош на „паранормални сили”.
Ѓулен често тврдел дека Пратеникот Мухамед a.s. лично присуствувал на неговите предавања и дека ги следел сите активности на ФЕТО. Исто така тврдел дека Пратеникот ноќе бдее над членовите на ФЕТО и ги покрива со јорган кога тие ќе се откријат во сон.
ФЕТО поданиците ги собирал на тој начин што во раното детство од семејствата ги издвојувал квалитетни поедници заради наводното нивно образование, а со тек на времето работел на тоа, од нив да создаде свои поданици кои нема да поставува прашања, туку без приговор ќе ги исполнуваат неговите наредби.
news_share_descriptionsubscription_contact
