Sibel Kurtoğlu
15 Јули 2017•Ажурирај: 16 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим денеска во Истанбул пред собрани стотици илјади граѓани порача дека предавниците на ФЕТО ќе исчезнат во сопствениот мрак и ќе се задават во крвта која е на нивните раце, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим говореше во Истанбул во близина на Мостот на шехидите 15. јуликаде се собраа стотици илјади граѓани, по повод одбележување на првата годишнина од обидот за државен удар.
„Претставите кои денеска играат ќе завршат многу поболно од онаа болка која нам ни ја нанесоа. Тие ќе исчезнат во сопствениот мрак и ќе се удават во крвта која е на нивните раце. Никогаш не му се предадовме на насилството, ниту коа ќе го сториме. Никогаш не останавме без надеж, ниту ќе останеме. Сите заедно херојски и храбро ќе ја браниме нашата земја и ќе придонесеме за нејзиниот напредок. Никој нема да ја спречи Турција во нејзиниот развој", порача Јилдирим.
Нагласи дека минатата година турскиот народ им зададе силен удар на пучистите, предавниците без честа, спречувајќи го обидот за државен удар кој се обидоа да го изведат терористите на ФЕТО.
„На 15. јули народот е со својот лидер, почитуваниот претседател, им одржа лекција на предавниците. Ниту еден предавник нема да ја валка оваа благословена земја", рече Јилдирим.
Подвлече дека турскиот народ никогаш нема да ги заборави ниту ќе дозволи случувањата од 15. јули да бидат заборавени.
„Нашата болка е голема, голема колку планина, но врвот не се наведнува, ниту ќе се наведне. Тагата која како жар не гори во душата ќе ја скриеме и ќе плачеме во себе, денеска нема да им дозволиме на тие подли предавниците да се радуваат. Хероите кои загинаа со вербата за народот, за државата, за знамето, за честа, денеска од нас очекуваат молитви. Како нација, нема да го заборавиме 15. јули, ниту ќе дозволиме да се заборави“, порача Бинали Јилдирим и додаде:
„Територијата на која живееме не е обична територија. Оваа земја е поинаква. Оваа земја е благословена, оваа земја е парче од срцата на 80 милиони луѓе, тоа е нашата татковина. Секоја педа од оваа земја во текот на последните илјада години е натопувана со крвта на нашите шехиди. На секое педа од оваа земја видиливи се херојските епопеји. Татковината е нашата гордост, нашата чест”.