Sarp Özer
22 Јули 2016•Ажурирај: 23 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Јилдирим, за време на посетата на Центарот за обука на специјалната полиција во Анкара изјави дека бомбардирањето на таа институција, кое за време на обидот за пуч го изведоа војните лица лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, е конкретен доказ колку таа организација излегла од рамките на човечноста, јавува Anadolu Agency (AA).
„На оние што велат 'Дајте докази', во име на возвишениот турскиот народ им велам: Зарем има поголеми докази од ова? Престанете да стоите зад овие криминалци, овие машини на смртта што фрлаат бомби од авиони, го напаѓаат сопствениот народ од воздух и од копно и сопствениот народ го газат со тенкови“, порача турскиот премиер Јилдирим.
Премиерот Јилдирим додаде дека опасноста не е надмината, но дека граѓаните на Турција не треба да бидат вознемирени.
„Мирот и сигурноста на граѓаните се воспоставени. Може да има лица кои ќе бидат водени од чувството за одмазда и пораз. Ги преземаме потребните мерки против тоа“, истакна премиерот на Турција, Јилдирим, кој ја истакна добрата работа на правосудството по обидот за државен удар од страна на воените лица лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ.
„Правна држава, како Турција, не може да делува со одмазда, не онака како што тоа го направија тие. Наместо со одмазда, ќе се однесува праведно, но ќе бара сметка за секоја пролеана капка крв. Оние што се виновни, еден по еден ќе бидат изведени пред лицето на правдата и ќе ја добијат заслужената, настрога казна. Не смееме да дозволиме да ги мешаме овие членови на ФЕТО во воени униформи, нивните терористи, со нашите војници, припадниците на вооружените сили. Во секоја институција има лоши поставки. Денеска е ден за чистење. Тоа чистење се спроведува на најдобар можен начин. Ќе биде направено сѐ што е потребно за внатрешноста на земјата да се исчисти од оваа мрежа“, порача премиерот Јилдирим.
Јилдирим зборуваше и за времето и начинот на кој дознал за обидот за државен удар.
„Добивме информации 15 минути пред почетокот на воениот пуч. Од кого добивме информации? Од нашите блиски заштитници и од граѓаните. Од брачниот другар, од пријателите. Претходно немавме информации за големината на опасноста, за тоа што се случува. Тоа ѝ е јасно на јавноста, но и јас ќе го кажам. Во моментов тоа не е важно. Она што е важно е дека работиме сѐ што е потребно за злото што го отстранивме повеќе да не претставува опасност“, рече премиерот на Турција, Јилдирим.