Hatice Kesgin
09 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Девет терористи на ПКК се убиени во безбедносните операции во југоисточните провинции Мардин и Ширнак во Турција, соопшти турската војска денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението турскиот Генералштаб наведува дека седум терористи на ПКК се убиени во југоисточната провинција Мардин во областа на Нусајбин.
Два терориста на ПКК се убиени во одделни операции во југоисточната провинција Ширнак.
Во текот на операциите запленето е одредено количество на оружје, се додава во соопштението.
ПКК, која е на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ, ја продолжи својата 30-годишна вооружена кампања против Турција во јули 2015 година. Оттогаш, загинаа над 430 припадници на безбедносните сили, а над 3.800 терористи на ПКК се убиени.