Sayed Khodaiberdi Sadat
03 Јануари 2022•Ажурирај: 06 Јануари 2022
КАБУЛ
Во Авганистан талибанското разузнавање истури 3 тони алкохол во реката Кабул, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Управата за разузнавање на талибанската администрација соопшти дека извршиле рација на место каде што се продава алкохол во регионот Карте и Чар во Кабул.
Во соопштението е наведено дека се запленети три тони алкохол, а три лица што продавале алкохол се приведени.
Меѓу другото, се истакнува дека пиењето алкохол е грев и дека муслиманите треба да избегнуваат алкохол.
Сликата споделена од профилот на социјалните мрежи на Управата за разузнавање покажува како пијалакот се истура во реката Кабул.
Откако талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан на 15 август, рациите на местата за производство и продажба на алкохол, вклучително и кај зависниците од дрога, се зголемени низ целата земја.