Zylfije Adem Jakupi
30 Ноември 2021•Ажурирај: 02 Декември 2021
ПРИШТИНА
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, воедно и врховен командант на Косовските безбедносни сили, го именуваше генерал-мајор Башким Јашари за нов командант на Косовските безбедносни сили (KBS), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Именувањето е извршено како што е предвидено со законот за КБС, на предлог на министерот за одбрана и по препорака на премиерот на Косово“, се соопштува од Претседателството на Косово.
Пред именувањето на новиот командант на КСБ, претседателката на Косово, врз основа на законските одредби, донесе декрет за разрешување на сегашниот командант на КСБ, генерал-полковникот Рахман Рама, по неговата оставка.
Башким Јашари е син на Рифат Јашари, брат на легендарниот командант на Ослободителната војска на Косово, Адем Јашари.