Ramazan Ercan
14 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
ИЗМИР (АА) – Пополека доаѓа до крај на патот кон надежта за многумината мигранти, кои со желба за еден поубав живот, се обидуваат по нелегален пат преку грчките острови да стигнат во Европа, јавува Anadolu Agency (АА).
Минатата година во текот на 13 дена од месец јуни, во водите на Егејското море биле затекнати 2 иллјади 262 мигранти, цифрата на дневно запрени мигранти пред Договорот за реадмисија изнесувалa околу 300 лица, додека во текот на истиот период од оваа година, во споредба со ланскиот, биле запрени само 255 баратели на азил.
Бројот на лицата кои поради безбедносна, економска, социјална несигурност и незизвесност, со надеж за подобро утре, се приморани да ги користат нелегалните премини преку Егејското и Средоземното море за да стигнат до тлото на Европа, е значително намален.
Протокот на илегалните преминувачи е мошне различен во периодот пред и по потпишувањето на Договорот за реадмисија на мигранти, кој беше склучен на 18-ти март во Брисел меѓу Турција и ЕУ, чија цел всушност беше запирање на нелегалното меѓугранично пренесување на мигранти. По стапувањето на сила на мерките од спроведениот договор, од 20 март наваму очигледно е скоро целосно запирање на нелегалниот проток на мигранти кон Европа.
-Прoтокот на мигранти за 90 намален во споредба со истиот период од лани
Екипите на Приморската безбедносна служба, во првите 13 дена од овој месец, затекнале само 255 мигранти, бројка која е за 90 % помала од онаа од минатиот јуни, кога биле затекнати вкупно 2 илјади и 262 лица.
Стапувањето на Договорот за реадмисија на сила, доведе до намалување на бројот на дневно забележаните мигранти, кој изнесува околу 300 лица. Спасувачките екипи на Службата за приморска безбедност, успеале да спасат, во месец јануари 5 илјади 506, во февруари 8 илјади 747, во март 8 илјади 530 мигранти, додека веќе од месец април се забележува намалување на бројката на затекнати мигранти, односно за месец април истата изнесувала 1.717, а во мај 1.109 лица.
Број на вкупно затекнатите и спасени илегални мигранти во водите на Егејското и Средоземното море,од почетокот на годината до сега, составен од 22 илјади лица 783 лица пред, и 3 илјади 81 лице по склучувањето на Договорт, изнесува 25 илјади 864 лица.