Admir Fazlagic
09 Ноември 2017•Ажурирај: 10 Ноември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, упати честитка по повод двегодишнината од отворањето на сервисот на македонски јазик на турската новинска агенција Anadolu Agency (AA).
„По повод одбележувањето на втората годишнина од отворањето на сервисот на македонски јазик во рамките на Турската државна новинска агенција Anadolu Аgency (AA), сакам да Ви упатам честитка и да Ви посакам уште многу години постоење и успешно работење. Вашето присуство го збогатува медиумскиот живот во Република Македонија“, се наведува во честитката на Џафери.
Пред точно две години, на 9 ноември 2015 година, со седиште во Скопје, Anadolu Agency (AA) отвори сервис на македонски јазик, од каде што се објавуваат вестите и на албански јазик.
Во изминатите две години, сервисот на АА на македонски јазик објавуваше вести од сите страни на светот.
Од основањето на сервисот на АА на македонски јазик, досега се објавени 25.460 вести, 11.260 фото-галерии и 6.060 видеозаписи.
Новинската агенција Anadolu Agency (AA) има историја долга над девет децении. AA објавува вести на 13 светски јазици, меѓу кои на турски, англиски, арапски, персиски, БХС (босански, српски, хрватски), руски, курдски, француски, албански, македонски јазик, индонезиски и шпански јазик.