Fatjon Cuka
12 Јули 2019•Ажурирај: 12 Јули 2019
ТИРАНА (АА) - Полицијата во Албанија го уапси руски државјанин баран поради „членство во терористичка организација“, со цел негова екстрадиција во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од генералната Управа на албанската полиција информираат дека рускиот државјанин дошол како незаконски мигрант во Албанија и бил баран од Интерпол Москва.
„Управата за антитероризам на Државната полиција, по неколкумесечна работа, во координација со партнерските служби за спроведување на законот и за разузнавање, го локализираше, идентификуваше и го уапси, со цел да го екстрадира, рускиот државјанин Р.М., 34-годишен, роден и жител на Норилск, Русија“, се вели во соопштението.
Според полицијата, уапсениот во месец јуни 2013 избегал од Русија во Сирија, каде што се придружил на една нелегална вооружена група и бил активен учесник во воените дејствија.