Admir Fazlagic
12 Јули 2019•Ажурирај: 13 Јули 2019
СКОПЈЕ (АА) - Чешкиот Парламент го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО на Република Северна Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Убедени сме дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне целокупната стабилност и безбедност на Балканот, а во исто време и самата Алијанса“, истакна вицепремиерот Јан Хамачек на ратификацијата на Протоколот.
Земјите членки на НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во оваа алијанса на 6 февруари оваа година, а досега дваесетина земји членки го ратификуваа Протоколот.
За да стане Северна Македонија полноправна земја членка на НАТО, Протоколот за пристапување треба да биде ратификуван во парламентите на сите членки на Алијансата.