Derya Gülnaz Özcan
24 Јуни 2022•Ажурирај: 27 Јуни 2022
АТИНА (АА) – Во Грција се судриле два глисери кои превезувале познати актери за снимањето на филмот „Слушај го гласот на твоето срце 3“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Грчката крајбрежна стража во објавата на својот профил на Твитер истакна дека кај Палаја Фокаја се судриле два глисери со вкупно 16 лица, при што еден од патниците е полесно повреден.
Во соопштението е наведено дека повредениот патник чиј идентитет не се соопштува е префрлен во болница, а останатите 15 патници се во добра здравствена состојба.
Голем број познати актери се наоѓаат во Грција на снимањето на романтичната комедија „Слушај го гласот на твоето срце 3“ од американско-канадска копродукција.
Првиот филм со ист наслов беше снимен пред 20 години, го режира Џоел Звик, а продуцент беше Гари Гутсман. Главните улоги во филмот ги играа Том Хенкс и Рита Вилсон.
Вториот филм, кој го режира Кирк Џонс во 2016 година, го раскажуваше животот на традиционално грчко семејство кое живее во САД.