Elena Trenchevska Chekovic
20 Јули 2021•Ажурирај: 21 Јули 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 21 нов случај на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 155.951, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавено е едно починато лице од Ковид-19, според што билансот на смртни случаи од вирусот изнесува 5.488.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 150.237.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 226.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.219 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 935.732 тестирање.