Zylfije Adem Jakupi
16 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово се потврдени уште 36 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број заразени се зголеми на 423, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во последните 24 часа биле тестирани 173 примероци на сомнителни случаи на коронавирус, од кои 36 биле позитивни.
Како што беше соопштено утринава, во текот на денешниот ден на интензвна нега на Инфективната клиника починал 69-годишен пацинет, кој на 10 април е примен во тешка состојба и имал кардиолошки проблеми, со што вкупниот број смртни случаи порасна на 9.
Денес се излекувани 5 пациенти, со што вкупниот број на излекувани се згеми на 71.
Од 8 февруари, тестирани се вкупно 3.720 лица, од кои 423 беа позитивни на вирусот.