Yıldız Aktaş
16 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за образование на Турција, Зија Селчук, во однос на промените во Законот за високо образование и одредени други закони, кои денес се донесени во Големото народно собрание на Турција, рече дека станува збор за промени за „делумно и забрзано“ надоместување на образовниот процес, кој не може да се одвива поради епидемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Селчук на својот Твитер профил, ги објасни промените во Законот за високо образование и некои други закони, кои денес се донесени во Големото народно собрание на Турција.
Според него се работи за промени за „делумно и забрзано“ надоместување на образовниот процес, кој не може да се одвива поради епидемијата на коронавирусот, Ковид-19.
„Не се работи за повторување на учебната година или укинување на летниот распуст. Се надеваме дека нашите ученици ќе уживаат во летниот одмор“, нагласи министерот Селчук
Според информации добиени од службени лица во Министерството, наставата од далечина, која е важна за учениците не се дистанцираат од училиштата и образованието, го спроведуваат сите земји во рамките на своите можности.
Од Министерството, исто така, наведоа дека Турција е една од првите земји која започна со настава од далечина, и дека тоа учење е поддржано од телевизијата и Информативната мрежа за образование (EBA).