Eren Beksaç
11 Јули 2020•Ажурирај: 12 Јули 2020
ПРИЗРЕН (АА) – Во Призрен, Косово, во спомен на жртвите во Сребреница, на чие тло се случи најголемата хуманитарна трагедија во Европа по Втората светска војна и каде се убиени најмалку 8.372 бошњачки цивили, се одржа комеморација, јавува Агенција Анадолија (АА).
На програмата во организација на здружението „Шарски Бехар“ присуствуваа претседателот на коалицијата Вакат и пратеникот Расим Демири, амбасадорот на Турција во Приштина, Чагри Сакар, генералниот конзул во Призрен, Сердар Озајдин, косовскиот министер за регионален развој, Енис Керван, претседателот на Турската демократска партија на Косово и заменик претседател на косовското Собрание, Фикрим Дамка, призренскиот муфтија Бесим Бериша, полковникот Саваш Јанар како претседател на турската делегеција.
Говорејќи на церемонијата со ограничено учество поради новите преземени мерки поради коронавирусот (Ковид-19), амбасадорот Сакар изјави дека нема да дозволат да се заборави Сребреница за да се спречат ваквите страдања насекаде во светот.
Истакнувајќи дека Турција продолжува да тагува заедно со Бошњаците Сакар нагласи:
„Рака под рака, рамо до рамо во солидарност ќе работиме со нашите браќа Бошњаци, за да го вратиме мирот, пријателството, братството, толеранцијата во Сребреница, каде што човечкото достоинство беше изгубено. На овој значаен ден, би сакал да се заблагодарам на здружението „Шарски Бехар“, кој ја организира оваа значајна церемонија. Посакувам милост од сите починати (шехиди), кој се жртвуваа за својата татковина.“
Пратеникот Демири истакна дека геноцидот во Сребреница не треба да се заборави и рече: „Нашата должност не е на Сребреница да се сеќаваме само денес, ние Сребреница никогаш нема да ја заборавиме и ќе работиме на тоа да не се заборави.“
Говорејќи на церемонијата што се одржа со ограничено учество поради новите мерки преземени против Ковид-19, министерот Керван истакна дека она што се случи во Сребреница е доказ за големиот срам што се случи во Европа.
Комеморативната програма заврши со молитви за починатите и со пуштање на бели гулаби, како симболи на мирот.