Samir Kajoševic
11 Јули 2020•Ажурирај: 12 Јули 2020
ПОДГОРИЦА (АА) - Во Црна Гора се регистрирани 87 нови случаи на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Институтот за јавно здравје соопшти дека на Ковид-19 биле анализирани 709 примероци, од кои 87 резултати биле позитивни.
„Меѓу позитивните беа и резултатите на две лица кои починаа во текот на вчерашниот ден, а пријавени се и два смртни случаи кај пациенти кои од претходно беа позитивни, а лекувани се Клиничкиот центар на Црна Гора и во Беране. Починатите се од Подгорица и Рожаје “, се вели во соопштението на Институтот.
Од почетокот на јуни од коронавирусот во Црна Гора починаа 14 лица, додека активни се 816 случаи.