Husamedin Gina
19 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани се 127 новозаразени со коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 9.153, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати 8 лица, со што вкупниот број на смртни случаи како последица на Ковид-19 во Северна Македонија се искачи на 422.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 4.810.
Во моментов во Северна Македонија има 3.921 активни случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 904 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се спроведени вкупно 85.820 тестирања на овој вирус.