Andelija Stojkovic
19 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
БЕЛГРАД
Во изминатите 24 часа во Србија 11 лица починаа од коронавирусот (Ковид-19), регистрирани се 396 новозаразени од тестирани 7.955, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во болниците во Србија од Ковид-19 се лекуваат 4.735, а на респиратори се 187 лица, рече покраинскиот секретар за здравство Зоран Гојковиќ на конференцијата за новинарите на Кризниот штаб.
Во Србија од почетокот на епидемијата вкупно починаа 472 лица.
Од почетокот на епидемијата потврдени се 20.894 случаи на коронавирусот, а тестирани се 550.091 лица.
Гојковиќ најави дека најверојатно од утре граѓаните преку електронска апликација ќе можат да ги проверат резултатите на своите тестови на коронавирусот.
Доктор Миомир Пелемиш рече дека неговиот впечаток е дека луѓето ги почитуваат мерките и носат маски и дека таквото однесување ќе даде резултат и дека ситуацијата ќе се смири.