Abdula Berisha
20 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 96 новозаразени со коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 9.249, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати 10 лица, со што вкупниот број на смртни случаи како последица на Ковид-19 во Северна Македонија се искачи на 432.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравени лица од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 4.871.
Во моментов во Северна Македонија има 3.946 активни случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 724 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се спроведени вкупно 86.543 тестирања на коронавирусот.