Fatjon Cuka
11 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
ТИРАНА
Во Албанија од денес почнува ограничувањето на движењето на граѓаните од 22:00 до 06:00 часот во рамки на мерките преземени за спречување на ширењето на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерката за здравство и социјална заштита на Албанија, Огерта Манастрилиу, оваа информација ја потврди вчера во изјава за медиумите.
Манастирлиу нагласи дека секој ден работат на зголемување на бројот на извршени тестирања и проширување на капацитетите на болниците.
Осврнувајќи се на новите мерки против ширењето на Ковид-19, таа рече дека почнувајќи од 11 ноември стапуваат во сила забраната за работа на кафулињата и рестораните и ограничување на движењето на граѓаните од 22:00 до 06:00 часот ширум земјата.
Според неа, овие мерки ќе се спроведат во рок од три недели како мерка против спречувањето на ширењето на Ковид-19.