Stipe Majic
01 Август 2019•Ажурирај: 02 Август 2019
ЗАГРЕБ (АА) - На свеченоста одржана во Министерството за одбрана на Република Хрватска, по повод годишнината од операцијата „Бура“, хрватската претседателка и врховна заповедничка на вооружените сили, Колинда Грабар-Китаровиќ, ги одликуваше припадниците на хрватската војска и во своето обраќање порача дека „Бура“ ја спасила Босна и Херцеговина, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод Денот на победата и благодарноста на татковината и Денот на бранителите на Хрватска и 24-годишнината од „Бура“, Грабар-Китаровиќ донесе одлуки за напредоците и пофалби за припадниците на Вооружените сили на Република Хрватска (OSRH).
Вкупно беа унапредени 106 припадници на Вооружените сили, 21 офицерка и 85 офицери на Вооружените сили на Република Хрватска
Грабар-Китаровиќ истакна дека Хрватска и хрватскиот народ секоја година во првите денови од август им се заблагодаруваат на припадниците на хрватската војска за жртвата и за незаменливата улога на чуварите на хрватската слобода и самостојност.
Таа повика на присетување на загинатите, исчезнатите и починатите бранители од Татковинската војна и се присети на неодамна трагичниот настан во кој во Авганистан загина заповедник на хрватската војска, Јосип Бришки, а двајца негови колеги се ранети.
„„Бура“ беше пресврт која го означи доаѓањето на мирот на измачената Република Хрватска од војна. Со „Бура“ се разбиени злосторничките планови за т.н. Велика Србија кои кружеа години пред Татковинската војна. Хрватска го сакаше патот на мирот кон својата слобода. Туѓите освојувачки планови нѐ принудија таа слобода да ја создадеме со оружје во рацете“, порача хрватската претседателка.
„Токму „Бура“ ја спаси Босна и Херцеговина, и би сакале нашите соседи никогаш да не заборават кој им пружил рака во најтешките денови“, изјави Грабар-Китаровиќ.