Zlatan Kapiç
07 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
БЕЛГРАД (AA) – Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во обраќањето на Турско-српскиот бизнис форум во Белград истакна дека Турција сака да ги продлабочи билатералните односи со Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Србија е клучна за мирот и стабилноста на Балканот", рече Ердоган и додаде дека посетата на голем број турски стопанственици на оваа земја и учество на денешниот бизнис форум е показател на добрите односи на двете земји.
Ердоган изрази задоволство поради посетата на Србија во годината во која двете земји одбележуваат 140 години од воспоставувањето на дипломатските односи.
Односите со Србија ги окаректеризира како длабоки, со оглед дека јазиците и културите имаат елементи кои ги поврзуваат.
Потсети на добрите односи на Србија и Турција и нивно продлабочување во последно време и укажа на значењето на механизмите како што се совети за меѓудржавната соработка за развој на односите меѓу државите.
Ердоган потсети дека „ако некаде има намера и верба тогаш се наоѓа и начин да се постигне нешто, а Србија и Турција покажаа силна желба за соработка".
Потсети и на Договорот за слободна трговија кој е ревидиран и во сила стапи минатата година во јуни, а првобитлно е потпишан во 2010 година. По таа година обемот на трговската размена на двете земји е зголеме за околу 200 отсто.
На краткорочен план, како што рече Ердоган, таргетираниот обем на трговската размена на Турција и Србија на краткорочен план е две милијарди, а долгорочно пет милијарди долари.
Турскиот претседател најави и отворање на шест нови фабрики, турски инвестиции на подрачјето на Србија.
„Утре почнуваме со изгардба на автопат, кој, пред се, ќе ги зајакне врските меѓу луѓето. Тоа не е само пат, тоа е проект на мирот", рече Ердоган.
Заедничката визија на Турција и Србија, како што рече, е „голема можност за целиот регион, за сите наши стопанственици и инвеститори".
На Турско-српскиот бизнис форум кој го организираат Одборот за надворешни економски работи на Турција и Стопанската комора на Сбија, се обрати и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ердоган, Вучиќ и претседавачот и членовите на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, Шефик Џаферовиќ и Милорад Додик утре во Белград ќе се состанат на трилатералниот самит на Србија, БиХ и Турција.
По самитот, претседателите на Турција, Србија и членовите на Претседателството на БиХ во Сремска Рача ќе присуствуваат на свечена церемонија на положување на камен темелник за изградба на автопатот Белград - Сараево.