Zlatan Kapiç
01 Април 2017•Ажурирај: 02 Април 2017
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија утре, 2. април, ќе се одржат избори за претседател на републиката, а граѓаните своето бирачко право ќе можат да го остварат на вкупно 8.396 изборни места.
Вкупниот број на гласачи кои ќе може да гласаат на изборите изнесува 6.724.949, а гласањето ќе трае од 7:00 до 20.00 часот, соопштено е на страницата на Владата на Република Србија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Изборниот процес ќе го следат вкупно 1.955 домашни набљудувачи од четири здруженија и 126 странски набљудувачи од 25 организации, изборни комисии и амбасади.