Admir Fazlagic
31 Март 2017•Ажурирај: 01 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Денеска во попладневните часови од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) во Куманово „биле забележани лица како го симнуваат државното знаме на Република Македонија од јарболот лоциран на улица Гоце Делчев и поставуваат знаме на Република Албанија", пренесува Anadolu Agency (AA).
Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи информирајќи дека при обид полициските службеници да ги легитимираат лицата, истите биле нападнати и спречени во вршење на службените дејствија при што им биле нанесени телесни повреди.
„Во дејствието две НН лица се дале во бегство, додека Л.С.(16) и Љ.К.(21) двајцата од с.Слупчане, се приведени во полициската станица во СВР Куманово.За настанот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Куманово по чие овластување од страна на увидна екипа од СВР Куманово е излезено на лице место и е извршен увид на местото на настанот", соопшти МВР.
Се соопштува дека СВР Куманово превзема мерки за расчистување на настанот.