Zülfiya Yakup
25 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
ПРИШТИНА (AA) - Претседателот на Косово Хашим Тачи и вршителот на должноста премиер на Косово, Рамуш Харадинај, го именуваа Крешник Гаши за нов директор на Разузнавачката служба на Косово (OAK) и Бурим Рамадани за генерален инспектор на оваа агенција, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Како што е соопштено од Претседателството на Косово оваа одлука е донесена во согласност со Уставот на Република Косово.
Местото на директорот на Разузнавачката ангеција на Косово е испразнето од 6 ноември оваа година кога Шпенд Маџуни поднесе оставка на оваа позиција.
Крешник Гаши од 2015 година ја извршуваше должноста претседател на Управниот одбор на Регулаторен авторитет за електронски и поштенски акредитации на Косово, претходно беше и постојан секретар во Министерството за надворешни работи додека министер беше Хашим Тачи.
Бурим Рамадани до сега беше заменик министер за одбрана на Косово од редовите на Алијансата за иднина на Косово. Рамадани беше на изборна листа на коалицијата ААК-ПСД на парламентани избори на 6 октомври, но според прелиминарните резултати не влезе во Собранието на Косово.