Andelija Stojkoic
02 Септември 2022•Ажурирај: 03 Септември 2022
БЕЛГРАД (АА) - Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска изјави дека сега е јасно дека Србија, Северна Македонија и Албанија со иницијативата „Отворен Балкан“ направиле клучен чекор во клучен момент, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Фактот што се собравме е почеток, да останеме заедно е напредок, да работиме заедно е успех“, го цитираше Ковачевски основачот на компанијата „Форд“, Хенри Форд, на Самитот на лидерите на „Отворен Балкан“.
Премиерот на Северна Македонија рече дека трите земји се обврзале да го олеснат движењето на луѓе, стоки, услуги и трговија и изградиле добрососедски односи и доверба меѓу државите.
„Ако сме добри со себе, ќе бидеме добри и за Европа и за целиот свет“, рече Ковачевски.
Како што рече, соработката на „Отворен Балкан“ го отвори патот за трите земји да се справат со предизвиците во претстојната зима поврзани со храната и енергијата.
Ковачевски рече дека трите земји ќе се обврзат да си помагаат „како што треба да прават земјите“.
Тој рече и дека ќе се обезбеди непречено снабдување со пченица, брашно, пченка, млеко, кујнска сол и други основни прехранбени производи и укажа на важноста од соработката во енергетскиот сектор.
Тој додаде дека секогаш ќе се залага да нема граници меѓу балканските земји.
Денес во Белград се одржува Самит на лидерите на Отворен Балкан на кој, освен членките на иницијативата Србија, Северна Македонија и Албанија, присуствуваат и претставници на Туркије, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Унгарија.