Zylfije Adem Jakupi
14 Февруари 2021•Ажурирај: 14 Февруари 2021
ПРИШТИНА
Избирачките места во Косово се затворени во 19 часот, со што е завршено гласањето на предвремените парламентарни избори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Граѓаните на Косово со право на глас го бираат осмиот состав на Собранието на Косово од завршување на војната во 1999 година.
Според податоците од терен изборниот процес се одвива регуларно и без проблеми.
Се очекува соопштение на Централната изборна комисија (ЦИК) за излезноста на гласачите, а тренд е излезноста да биде поголема во споредба со последните избори одржани во октомври 2019 година.
Според податоците на ЦИК до 15 часот гласаа 32,32 отсто запишани гласачи со право на глас од 1.794.862 граѓани со право на глас.
Се гласаше со мерки пропишани за спречување на ширењето на коронавирусот, иако на некои гласачки места не се почитуваше физичката дистанца.
Првите прелиминарни резултати се очекуваат вечерва по 22 часот.