Zylfije Adem Jakupi
14 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
ПРИШТИНА
Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово соопшти дека излезноста на гласачите на предвремените парламентарни избори во Косово изнесуваше 47 отсто, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателката на ЦИК Валдете Дака на вечерашната прес-конференција соопшти дека врз основа на обработените 98,97 отсто од гласачките места на избирачките места излегоа 834.307 гласачи или 46,97 отсто од 1.794.862 запишани гласачи.
Тоа е поголема излезност во споредба на изборите од окомври 2019 година кога гласаа 44,18 отсто или 812.049 гласачи.
Најголема излезност е забележана во општините Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан на северот на Косово каде живее мнозинско српско население, каде гласаа 85,23; 81,58 i 81,47 отсто од гласачите.
Најниска излезност е во општина Драгаш, само 31,24 отсто.
Дака рече дека Косово денес покажа како треба да се организираат изборите и покрај многу предизвици.
Исто така, Дака рече дека веднаш по затворањето на гласачките места почна рокот за поднесување на жалби на изборниот панел за жалби и поплаки во врска со денешниот процес на гласање.
Дака најави дека ЦИК многу бргу ќе почне да ги објавува првите прелиминарни резултати на својот сајт.