Zülfiya Yakup
15 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
ПРИШТИНА (AA) - Косовската полиција соопшти дека заканувачкото писмо е пронајдено во салата на Филолошкиот факултет во Приштина не содржи лого на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Полицијата на Косово Агрон Боровци, на вонредна конференција за новинарите во Приштина, изјави дека полицијата за заканувачкото писмо, во кое пишува дека ДЕАШ ќе ги нападне на 15 февруари е известена на 10. февруари и дека веднаш презела истражни мерки. Боровици рече дека со тоа писмо е упатена закана само за институцијата во која е пронајдено писмото, а не на општата национална безбедност.
„Писмото е напишано рачно и нема некакво лого, само во насловот е именувана терористичката организација ДЕАШ ... Независно колку ова може да биде сериозно, земајќи ги во предвид околностите низ кои минува целиот свет, ние ова писмо го сфативме сериозно и се бавиме со неговата содржина. Исто така, работиме на идентификација на лицата кои може да стојат зад писмото и можните мотиви" рече Боровци.
Според неговите зборови, досега се интервјуирани неколку лица, за кои полицијата се сомнева дека можат да бидат поврзани со ова писмо.
Поради тоа писмо, во кое наводно ДЕАШ упати закани со напад, церемонијата на одбележување на 47 години од основањето на Приштинскиот универзитет денеска е одржана во Ректоратот, наместо како што беше предвидено, на Филолошки факултет.
Самата церемонија беше проследена со инциденти, бидејќи група студенти протестирајќи го прекина говорот на ректорот Маријан Демај, барајќи отстранување на политиката од универзитетот. Студентите, откако обезбедувањето ги исфрли од салата, се судрија со полицијата во дворот на ректоратот.
Портпаролот на полицијата наведе дека на барање на Ректоратот полицијата ја обезбедуваше таа институција.
„Како последица на нападот имаме пет повредени полицајци кои побараа лекарска помош. Во меѓувреме и три лица, учесници во протестите побараа лекарска помош, додека 13 лица се приведени во полициската станица. Полицијата заедно со обвинителот ги презема сите неопходни истражни мерки пред комплетирање на случајот", рече Боровци.